Марго Роби и Рајан Гослинг повторно заедно: Дали ќе го повторат неверојатниот успех на „Barbie“?

Рајан Гослинг и Марго Роби / Фото: EPA

Австралиската актерка Марго Роби и нејзиниот колега Рајан Гослинг беа едни од најпопуларните актерски имиња ова лето поради успехот на нивниот заеднички филм „Barbie“.

Оваа актерска двојка повторно ќе ја видиме на големото платно, но овој пат во новото продолжение од филмската франшиза „Ocean’s Eleven“, во режија на американскиот режисер Џеј Роуч.

Станува збор за ретропродолжение на познатиот филм од 2001 година. Дејствието ќе биде сместено пред настаните кои нè воведоа во првиот филм, со Џорџ Клуни, Мет Дејмон, Бред Пит и Џулија Робертс во главните улоги.

Џорџ Клуни, Џулија Робертс и Бред Пит во „Ocean’s Eleven“ (2001) / Фото: Image Capital Pictures / Film Stills / Profimedia

„Тие (Роби и Гослинг) се брилијантни заедно. Би било совршено да ги ангажираме за повеќе проекти“, рече Џози Мекнамара, една од продуцентите на филмот.

Сценариото се заснова на грабеж што се случил во 1962 година, за време на Големата награда на Монако.

Според режисерот, нѐ очекува епска љубовна приказна во стилот на стариот Холивуд, но и возбудлива авантура. Како што е најавено, многу сцени ќе се снимаат во Франција.

Филмот сѐ уште нема добиено официјален наслов, но нема сомнеж дека ќе доживее успех со оваа актерска двојка.

Кој е сопругот на Марго Роби? Во брак се 10 години, ретко се појавуваат заедно

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот