Марго Роби доби необична понуда: 300.000 евра за фотографии од нејзините стапала

Фото: Принтскрин/ Твитер

Актерката Марго Роби, за главната улога во филмот „Barbie“ би требало да заработи околу 50 милиони долари. Сепак, би можела да добие малку повеќе пари доколку прифати необична понуда, пишува „Перт нау“.

Сопственичката на платформата „Fun With Feet“, која, очигледно објавува фотографии од стапала, на актерката и испратила понуда вредна 250.000 фунти или нешто повеќе од 293.000 евра.

Во писмото до 33-годишната ѕвезда, основачката на платформата јавно ѝ понудила да продава фотографии од нејзините стапала, а сето тоа поради кадар од филмот кој ги полуде фановите.

„Барбиките се сите жени, но ние всушност сме Барбики – во секој случај стереотипни Барбики. Би сакала да работам со вас на некоја содржина инспирирана од Барби, од која и двете ќе заработиме милиони“, напишала таа.

Девојката откако ѝ понудила 250.000 фунти како почетен бонус, рекла дека ќе можат да ја искористат опсесијата на луѓето со Барби, и сето тоа благодарение на стапалата на актерката.

Сопственичката открила дека веќе и доаѓаат многу клиенти, бидејќи личи на Марго, односно на куклата Барби и затоа решила да ѝ испрати понуда на актерката.

Нозете на Барби заработуваат луди пари, верувајте ми“, заклучила таа и понудата ја испратила и до Рајан Гослинг, кој го игра Кен во филмот.

За 8 месеци ќе се родат многу нови Барби и Кен: Филмот „Barbie“ предизвика зголемен интерес за именување бебиња

Виетнам го забрани филмот „Барби“ поради контроверзна сцена

Уште една земја го забрани филмот „Barbie“ поради „хомосексуалност и други западни девијации“

ВИДЕО | „Ќе добијам срцев удар ако ја видам“: Тродимензионална Барби ги исплаши луѓето во Дубаи

Погледнете што се случува кога ги пребарувате Рајан Гослинг, Маргот Роби или „Barbie“ на Гугл

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот