Манчестер сити ја потврди тешката повреда на Родри

фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Манчестер сити ја потврди тешката повреда на коленото на нивниот најдобар играч, шпанскиот одбранбен фудбалер за врска, Родри.

– Утврдувањето на степенот на повредата и прогнозата за времетраењето на неговата недостапност продолжува – соопштија од клубот.

Родри (28) се повреди на натпреварот против Арсенал (2:2) во неделата, по дуелот со Томас Партеи.

Манчестер сити изјави дека Родри ги повредил лигаментите на десното колено.

Родри е еден од најважните играчи на Сити. Минатата сезона тимот ја освои рекордната четврта последователна титула во Премиер лигата, а ги претрпе сите три порази во првенството без Родри во составот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот