Манчестер јунајтед со Тен Хаг е ужасен во Европа: На последните девет натпревари има една победа

Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Голем дел од фудбалската јавност се прашува зошто Ерик Тен Хаг сè уште е тренер на Манчестер јунајтед, но раководството на клубот и понатаму има доверба во холандскиот стратег иако тој бележи слаби резултати.

Посебно лош под водство на Тен Хаг, Манчестер јунајтед е на европска сцена. „Црвените ѓаволи“ вчера не успејаа да слават против Твенте и одиграа 1:1 во рамките од првото коло во Лигата на Европа.

Кога ќе се погледнат претходните девет натпревари на Манчестер јунајтед, неверојатно изгледа што тимот има само една победа. Победата клубот од „Олд Трафорд“ ја оствари минатата година против Копенхаген во Лигата на шампионите и таа беше единствената во групната фаза која Јунајтед ја заврши како последен.

Лошата серија за Јунајтед започна против Севиља во 2023 година кога стигнаа до четвртфиналето од Лигата на Европа и тогаш ремизираа дома 2:2 и беа поразени на гости со 0:3. Во сезоната во Лигата на шампионите имаа учинок од една победа, едно реми и четири порази.

Вкупно во последните девет натпревари во Европа, Јунајтед има една победа, три реми и пет порази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот