Малолетник со четирицикл предизвикал сообраќајка на патот Гостивар-Кичево

Малолетник е тешко повреден откако возејќи четирицикл предизвикал сообраќајна несреќа на патот Гостивар-Кичево.

„Вчера во 18.38 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, кај с. Трапчин Дол, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат седичи“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.П. (37) од с. Козица, Кичевско, и четирицкл „поларис“, управуван од малолетник од с. Длабкин Дол, Кичевско. Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Кичево“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кичево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот