Малолетни момчиња нападнати со тврди предмети пред казино во Центар

Неколкумина напаѓачи вчеравечер им се нафрлиле на две малолетни момчиња, а во нападот користеле и тврди предмети, пријавиле родителите на нападнатите малолетници.

– Денеска (26.09.2024) во 00.30 часот во СВР Скопје, М.З.(44) и И.О(43), двајцата од Скопје, пријавиле дека околу 21.00 часот на 25.09.2024 пред казино на подрачјето на Центар во Скопје, нивните малолетни синови биле физички нападнати од неколку лица, кои употребиле и тврди предмети, соопштија од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок, додаваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот