Малолетничка прегазена од скопјанец во Охрид

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Малолетно девојче од Охрид е тешко повредена откако вчера била прегазена од скопјанец.

„Вчера во 14.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(33) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот