Малезија доби назад 57 милиони долари од САД

Американските власти на Малезија и ја вратија првата транша во вредност од 57 милиони долари – од вкупно 200, кои од таа земја се извлечени при корупцискиот скандал Фонд за јавен развој на Малезија. Првоосомничен за тој скандал е поранешниот премиер на Малезија Наџиб Разак.

Малезискиот државен обвинител Томи Томас пред новинарите изјави дека САД вратиле дел од парите кои претходно од сметката на Фондот бил префрлен на сметката на холивудската Ред Гранит Пикчрс, со која е тесно поврзан посинокот на Наџиб Разак – Риза Азиз.

– САД минатата седмица ги блокираше тие средства и денеска се вратени на Малезија. Преостанатите пари ќе бидат вратени во следниот период, истакна Томас.

Поранешниот малезиски премиер Наџиб Разак е обвинет за повеќемилионски корупциски скандали и злоупотреба на положбата, а Врховниот суд вчера му го одби барањето за изземање на главниот обвинител Гопал Сри Рама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот