Максим Димитриевски се сретна со амбасадорот на Русија, договарале да се учи руски во кумановските училишта

Кумановскиот градоначалник и лидер на владината партија ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, преку Фејсбук информираше дека се сретнал со рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин, со кого меѓу другото разговарал и за можноста да се воведе изучување на рускиот јазик во кумановските училишта.

„Денеска во протоколарна посета на Општина Куманово беше амбасадорот на Руската федерација Н. Е. Сергеј Александрович Баздникин. На средбата разговаравме на повеќе актуелни теми со акцент на изучување на рускиот јазик во основните и средните училишта во Куманово“, кусо пишува во објавата на фејсбук-страницата на Димитриевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот