Макрон во битка со синдикатите: Како да се реформира пензискиот систем

Емануел Макрон/ Фото: Julien Mattia / Zuma Press / Profimedia

Владата на францускиот претседател Емануел Макрон се обидува да ја заживее неговата иницијатива за економски реформи и да постигне голема политичка победа оваа недела со почнување реформа на пензискиот систем наспроти жестокото противење на синдикатот.

Француската премиерка Елизабет Борн утре ќе ги изнесе деталите за плановите за најверојатно зголемување на старосната граница за пензионирање во Франција на 64 или 65 години од 62.

Преминувањето на реформата низ Парламентот, според француски медиуми, нема да биде лесно. На Макрон му недостига мнозинство и ќе мора да придобие неколку десетици конзервативни пратеници или да ги искористи уставните овластувања за да го заобиколи Собранието, што би ја налутило опозицијата.

Со една од најниските старосни граници за пензионирање во индустријализираните земји во светот, Франција троши повеќе од повеќето други земји на пензии, речиси 14 отсто од економското производство, според податоците на Организацијата за економска соработка и развој.

Пензиската реформа во Франција, каде правото на целосна пензија се стекнува од 62-годишна возраст, отсекогаш била чувствителна тема, особено сега со растечкото незадоволство поради зголемените трошоци за живот.

Владата наведува дека реформата е неопходна за да се обезбеди финансирање на пензиите во наредните години.

Целта е да се постигне рамнотежа без зголемување на даноците или намалување на пензиите. Има различни опции на маса, но сите тие вклучуваат зголемување на старосната граница за пензионирање, изјави портпаролот на француската влада Оливие Веран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот