Маќеата на Мадона почина од тешка болест: Не беа во добри односи, пејачката не ја прифати во семејството

Мадона / Фото: Инстаграм/Мадона

Маќеата на Мадона, Џоан Чиконе, почина во вторникот по тешка борба со агресивна форма на рак. Таа имаше 81 година, пренесува „Пејџ сикс“.

„Таа ужасно ќе им недостига на нејзиното семејство и пријателите, чии животи ги збогати со својот ентузијазам, радост и љубов“, се вели во некрологот.

Пејачката сè уште не се огласила.

Во 1966 година, Џоан се омажила за таткото на Мадона, Силвио Тони Чиконе, и заедно ги одгледале неговите шест деца, ЕнтониМартин, Мадона, ПолаКристофер и Мелани, кои ги имал со својата поранешна сопруга, која исто така се викала Мадона. Мајката на познатата пејачка почина во 1963 година по битка со ракот на дојката, кога Мадона имала само само пет години.

Мадона и Џоан не беа во добри односи. Во 2002 година, пејачката изјави дека нивната врска е „тешка“ и призна дека не ја прифатила кога растела. Тогаш таа изјави и дека понекогаш „страдала“ во „моменти на хаос“ во нивниот дом.

„Мајка ми почина кога бев мала и ми беше тешко. Во ретроспектива мислам дека ѝ беше тешко. Многу сум блиска со татко ми и не сакав да ја прифатам промената во мојот живот“, рече таа во тоа време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот