Македонските пастрмајлии – хит на „Балкан фуд фестивал“ во Белград

Youtube

Над 100 илјади посетители поминаа низ еден од најголемите гастрономски настани во регионот – „Балкан фуд фестивал“ – кој се одржа на крајот на септември во Белград. Балканскиот фестивал на храна беше спој на разновидна гастрономија во форма на улична храна, а беа претставени и традиционални производи од овие региони. Претставници од Белград, Нови Сад, Пирот, Нови Пазар, како и специјални гости од регионот, Македонија и Словенија, понудија деликатеси, вкусни печења, специјалитети од скара како и вкусови и мириси на фармите. Директорот и основач на Балканскиот фестивал на храна, Милош Вукшиќ, рече дека балканската кујна претставува спој на медитеранската и блискоисточната гастрономија, објави Пословни дневник.

„Имавме гости од Словенија, Македонија, беа понудени новопазарски ќебапи, пиротски специјалитети, заедно со печени производи и некои вистински, традиционални јадења“, рече Вукшиќ. Специјалитетите на ридовите, планините и рамнините на Медитеранот и Блискиот Исток, комбинирани во уникатните вкусови на балканската кујна, привлекоа толпи луѓе. Кумановецот Ненад Тодоровски, кој 12 години живее во Белград, прави хамбургери и познат е како македонски бургер-мајстор, понуди специјално дизајнирани јадења од Македонија.

„По повод Балканскиот фестивал на храна го сменивме менито и наместо плескавици претставивме македонски специјалитети. Решив да ја претставам македонската пастрмајлија, кај која целата поента е во тестото. Се прави на лице место и не е како пица, која луѓето често ја мешаат – откри Ненад, кој го води ресторанот „Македонски бургер бар“. На неговиот штанд за време на викендот, луѓето чекаа и до 45 минути за пастрмајлии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот