Македонскиот возач Ристо Вуков по бодови на англискиот Силверстоун

фото: Рико Вуков Медиа Тим

Македонскиот возач Ристо Вуков продолжува меѓу светската елита во Порше Суперкуп кој се вози пред трките на Формула 1. На претходниот викенд во Австрија, патека каде што Вуков тренираше во претсезоната, тој успеа да се најде на 16. место на стартот и да биде во добра позиција за освојување нови бодови.

Сепак, ривалот Дирк Шоутен направи погрешна проценка и во вториот свиок по стартот со неприлагодена брзина влезе во свиокот, по што го удри Вуков и предизвика негово извртување и пад на последната позиција.

– Ривалите се одвоија, имаше голема разлика меѓу нас. Некогаш се случува да се има возило за безбедност, па човек ќе успее да фати чекор со групата, но овој пат тоа не се случи. Навистина жалам бидејќи ми пропадна одлична шанса за освојување поени. Автомобилот беше во одлична форма и немам зборови за професионалноста на мојот тим „Омбра рејсинг“, кој застанува зад мене во тешките моменти – рече Вуков.

фото: Рико Вуков Медиа Тим

По Имола, Монако и Ред Бул Ринг, овој викенд на програмата е трката на англискиот Силверстоун.

– Се надевам дека малерите и проблемите не добија виза и останаа во Австрија. Силверстоун е сосема поинаква патека каде што има свиоци низ кои возилото струи без да се допираат сопирачките. Патеката ми се допаѓа и верувам дека инженерите повторно ќе го тјунираат возилото на најоптимален начин. Најавени се променливи временски услови, но ќе видиме колку тоа ќе се погоди во термините од Порше Суперкуп. Со нетрпение очекувам да имам „нормален“ викенд во кој конечно потенцијалот што го имаме, ќе биде соодветно награден со бодови – вели Вуков.

Трката се вози во недела на пладне, три часа пред онаа од Формула 1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот