Македонскиот селектор Бајиќ тргна со победа во ФИБА Лигата на шампионите

Игокеа на стартот од ФИБА Лигата на шампионите беше подобра од ПАОК/фото: championsleague.basketball

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Макеоднија, Драган Бајиќ кој седи и на клупата на Игокеа со победа ги започна настапите во ФИБА Лигата на европските шампиони. Игокеа во првото коло во 68:64 го совлада ПАОК.

Тимот на Бајиќ славеше со пресврт и вистинска драма во последната минута од натпреварот.
Игокеа одлично го започна натреварот од групата Е и првата четвртина ја доби со 19:12, но потоа следеше пад во играта кој го искористи грчкиот тим да направи серија од 0:15 и на одмор да замине со предност од шест поени (26:32).

Игокеа во второто полувреме успеа да фати резултатски приклучок иако ПАОК во еден момент имаше и 12 поени предност, но во последната минута од натпреварот по поените на Стефан Ѓорѓевиќ поведе со 65:64. Потоа Раданов погоди тројка за 68:64, резултат кој на крајот се покажа како конечен. Најпрецизен во тимот на Игокеа беше Волер со 14 поени, Раданов даде 13, додека кај ПАОК се истакна Грифин со 18 постигнати поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот