Македонскиот репрезентативец Итан Хап е нов кошаркар на Валенсија

фото: КФСМ

Шпанскиот кошаркарски клуб Валенсија го промовираше новото засилување, македонскиот репрезентативец Итан Хап.

Хап ќе го носи дресот на Валенсија во следните две сезони, односно договорот ќе трае до 30 јуни 2026.

Американскиот центар со македонски пасош до сега ги бранеше боите на Гран Канарија во чиј дрес минатата сезона во шпанската Ендеса и Еврокупот имаше учинок од 11,5 поени, 5,5 скокови, 2 асистенции по меч.

И во следната натпреварувачка сезона екипата на Валенсија ќе настапува во Еврокупот.

Минатата сезона во шпанското првенство Валенсија во четвртфиналниот плеј-оф загуби од Мурсија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот