Македонскиот кошаркарски талент Коста Ќириловски потпиша за Игокеа

фото: kfsm.mk

Она што во петокот го најави претседателот на македонската кошаркарска федерација, Перо Антиќ, на прес-конференцијата одржана во хотелот „Парк“, се исполни веќе во попладневните часови – Коста Ќириловски стана нов член на Игокеа.

Како што информираат од федерацијата, босанскиот клуб, кој се натпреварува во регионалната АБА лига покажа интерес за македонскиот репрезентативец.

Ќириловски ова изминато лето со јуниорската репрезентација го освои првото место на младинскиот Евробаскет, одржан во Скопје, за кошаркари до 18 години.

Ќириловски, кој последните шест години ги помина во дресот на Водно Санс, е втор репрезентативец на Македонија кој ќе заигра во дресот на Игокеа, по Теодор Симиќ кој стана дел од овој клуб во 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот