Македонски поети имаа книжевен разговор и читање на фестивалот „Стих у регији“ во Хрватска

Средбата се одржа во живописното хрватско гратче Врбовец

Во рамки на поетскиот фестивал „Стих у регији“, на 30 јуни, во живописното хрватско гратче Врбовец, се одржа разговор и поетско читање на македонските автори ученици на фестивалот.

На средбата учествуваа младите македонски поети Павлина Атанасова, Андреј Медиќ Лазаревски и Ивана Јовановска, а настанот го модерираа директорот на фестивалот Иван Херцег и Славомира Рибарова.

На настанот се разговараше за тековите во македонската современа поезија, за институционалната и вонинституционалната поддршка на младите поети, за здружувањето на младите и нивното креирање разни платформи за промоција на нивната поезија, како и за улогата на книжевните списанија во промоцијата на новите гласови.

„Стих у регији“ е еден од најзначајните поетски фестивали во регионот, а настаните се одржаа во Загреб, во Вараждин и во Врбовец, а покрај македонските и хрватските, настапија и поети од Велика Британија, БиХ, Бугарија, Италија, Србија, Украина и Словенија.

Гостувањето на македонски поети е дел од соработката за книжевна размена помеѓу издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје и Хрватското друштво на писатели (ХДП) од Загреб, а беше помогнато од Министерството за култура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот