Македонската војска на 110 место на листата најмоќни армии во светот

Гарда на АРМ / Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

Армијата на Северна Македонија е рангирана на 110 место на листата најмоќни војски во светот, што ја објави специјализираниот портал кој се занимава со воени анализи „Global Firepower“.

Според листата на најмоќни армии во 2024 година, очекувано на прво место се САД, а потоа следат Русија, Кина, Индија, Јужна Кореја, Велика Британија, Јапонија, Турција, Пакистан Италија, Франција, Бразил, Индонезија, Иран, Египет, Австралија, Израел, Украина, Германија Шпанија, Полска, Виетнам, Саудиска Арабија, Тајван, Тајланд и Алжир.

Хеликоптер на АРМ / Фото: ”Слободен печат” – Драган Митрески

Во регионот на Југоисточна Европа, најмоќна армија има Грција која е на 32 место, Србија е 56, Бугарија 62, Хрватска 66, Албанија е 90, Словенија е 91, Црна Гора 129, а Босна и Херцеговина е на 116 место.

На листата има 145 земји, рангирани според нивната воена моќ, а при креирањето на листата биле земени предвид различни фактори, како што се степенот на софистицираност на воената опрема, финансиите, географијата и ресурсите.

Рангирањето ги зема предвид и факторите како што се количината на воена опрема и војници што секоја земја ги има, како и нивната финансиска положба, географија и расположливите ресурси. Листата е направена врз основа на конвенционалното оружје, додека нуклеарните капацитети не се земени предвид.

Гарда на АРМ / Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

За потсетување, Македонија досега само осум пати беше вбројувана во рангирањата на „Глобал фајерпауер“. Првпат во 2017 г. сајтот ја рангираше нашата војска на 116-то место на листата на држави. Наредната 2018 година, АРСМ беше сместена пониско за шест позиции, односно беше поставена на 122-то место на табелата. Во 2019 година, АРСМ беше сместена пак на 118-то место, додека таа во 2021 беше позиционирана на 133-то место на листата на „Глобал фајерпауер“. Изминатата година поради набавките и планот за модернизација македонската војска беше рангирана највисоко на 108-то место.

 

Хронологија на рангирањата на македонската армија

Година и позиција на табелата

2024 – 110.

2023 – 108.

2022 – 135.

2021 – 133.

2020 – 127.

2019 – 118.

2018 – 122.

2017 – 116.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот