Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра за финале на ИТФ фјучрсот во Србија

Лина Ѓорческа/фото: mtftennis.mk

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во полуфиналето на ИТФ фјучрс турнирот W75 Куршумлијска Бања, Србија.

Ѓорческа во денешниот четвртфиале меч ја совлада Далила Јакуповиќ од Словенија со 2:0 во сетови 6:4, 6:3 за 80 минути игра. В сабота во полуфиналето Македонката ќе игра против Лола Радивојевиќ од Србија, која денеска немаше меч бидејќи нејзината сонародничка Нина Стојановиќ го предаде мечот без борба.

Ѓорческа и Јакуповиќ одиграа меч неизвесен меч како и претходните два, а по денешниот триумф нашата тенисерка води со 2:1 во меѓусебните дуели.

Првиот сет беше во знакот на брејкови и резултатски нерешен со тоа што Ѓорческа имаше постојано водство. При 5:4 во гемови македонската тенисерка успеа да го освои гемот на свој сервис на убедлив начин и сетот го заврши со 6:4. Во вториот сет видовме иста слика на теренот, Ѓорческа постојано беше во водство, а Јакуповиќ израмнуваше. Така беше сѐ до шестиот гем кога македонската тенисерка поведе со 4:2, а потоа и со 5:2 што беше само најава за добивање на сетот од 6:3.

Во вкупниот број поени скорот беше 70:54 за Ѓорческа. Следната нејзина противничка Радивојевиќ од Србија се наоѓа на 229 место на ВТА листата, а во меѓусебените мечеви билансот е 2:0 за Радивојевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот