Македонската тенисерка Ѓорческа поразена во финалето на турнирот во Љубљана

фото: mtftennis.mk

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа заедно со Џил Тајхман од Швајцарија не успеаја да стигнат до трофејот во двојки на ВТА 125 Челинџерот во Љубљана, Словенија, што се играше за награден фонд од 100.000 евра. Тие го загубија финалето од италијанско-шпанската комбинација Нурија Бранкачо и Леире Ромеро Гормаз со 2:1 во сетови (5:7, 7:5, 10:7 на поени) за 1 час и 47 минути игра.

Во првиот сет во стартните шест гема имаше брејк и по 5:5 во гемови Ѓорческа и Тајхман го направија решавачкиот брејк за 6:5 и потоа го добија сетот со 7:5 за водство од 1:0 во сетови. Во вториот сет имаа водство од 3:1 и 4:2 во гемови, а во 10 гем не искористија и меч топка. Сетот противничките го добија со 7:5 во гемови.

Во решавачкиот сет на поени Ѓорческа и Тајхман поведоа со 4:1 и 7:6 на поени, но до крајот на мечот ривалките имаа серија од четири поени и сетот го завршија со 10:7 на поени. За пласманот во финалето македонско-швајцарската комбинација ќе добијат по 81 поен и 2.170 евра како двојка.

Ова за Ѓорческа беше второ финале во двојки на ВТА турнир, првото го играше 2017 година на Бол на Брач (двете ги загуби). Нашата тенисерка го играше вкупно 73 финале во двојки и остана на 47 турнирски победи.

Во текот на следната недела Ѓорческа е пријавена за настап на ИТФ 75 турнир во Пазарџик, Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот