Македонката Наташа Соврановски, која исчезна во Германија, е пронајдена мртва

Македонката Наташа Соврановски, која беше пријавена за исчезната на 2 септември во Германија, е пронајдена мртва, а тамошната полиција истражува дали се работи за убиство. Телото на 25-годишната девојка е пронајдено во понеделникот во шумска област во Бад Тајнах-Завелштајн, во близина на Штутгарт, пренесува „Телма“.

Осомничен за убиството е 45-годишен маж кој ја познавал Соврановски, соопшти полицијата, без да наведе дополнителни детали за познанството. Тој е уапсен и се наоѓа во притвор, а официјално се сомничи за убиство од небрежност.

Полицијата ги повика можните сведоци или сите кои имаат информации во врска со исчезнувањето и смртта на Македонката, да ја контактираат.

Наташа последен пат била видена на втори септември во 20:15 часот во Бад Тајнах-Завелштајн и оттогаш ѝ се загуби секаква трага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот