Македонија трета во Европа по смртност од огнено оружје

УБИСТВО ПИШТОЛ
Пиштол / фото: архива

Македонија е трета земја во Европа според стапката на смртност од огнено оружје, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“.

Пред Македонија е само Турција (18,16) и Албанија (15,20). Во другите земји од соседството стапката на смртност со огнено оружје во Србија е 10,44, во Бугарија 7,69, а во Грција 4,35.

Најниски стапки има во Велика Британија (0,66), Исланд (0,87) и Норвешка (0,92). Овие три земји се и единствените во Европа каде што полицијата не носи оружје.

Генерално, стапката на смртност од оружје во Европа е исклучително ниска. Малку смртни случаи предизвикани од огнено оружје има и во сите земји во Африка, Азија и Океанија (во кои нема оружени конфликти).

За разлика од нив, повисоки стапки се бележат во Северна и Јужна Америка, каде што освен во Канада и Куба, во сите други земји стапката на смртност од оружје е повисока од онаа во Турција.

За споредба, стапката на смртност од оружје во САД е 41,69.

„Ландгеист“ посочува дека стапката на смртност се однесува на периодот пред војната во Украина, и во неа не се вклучени самоубиствата со огнено оружје.

Фото: Принтскрин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот