Македонија освои пет медали на Европското првенство во традиционално карате

Македонските карате надежи се закитија со пет медали во Белград/Фото: facebook.com/dejan.nedev

Македонската репрезентација освои пет медали на Европското првенство за деца во традиционално карате во Белград.

Нашите карате надежи се закитија со три сребрени и два бронзени медали во српскиот главен град.

Второпласирана беше Камелија Недев во кихон ипон кумите, во финалето беше оштетена од страна на романски судија и така остана без златото. Воедно Камелија Недев успеа да дојде до бронзениот медал во кати поединечно.

Сребро освоија Марта Димковска и Матеј Мангаровски во џиу ипон кумите за деца, додека Софија Јарчевска дојде до бронза во кихон ипон кумите за девојчиња.

Како што информираат од МТКФ, на ЕП треба да настапат уште кадетите, јуниорите и сениорите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот