Македонија ја победи Унгарија и ќе игра за деветтата позиција на младинското ЕП

Фото: РФМ

Македонската младинска репрезентација ја победи Унгарија со 26:27 и ќе се бори за 9. место на Европското првенство кое се одржува во Словенија.

Првото полувреме донесе изедначена игра, а Македонија во последните десетина минути за првпат дојде до водство од два гола разлика кога поведе со 10:12, сепак до крајот Унгарците беа подобри во последните минути и на пауза тие имаа предност од два гола (16:14).

Второто полувреме ние го отворивме подобро и на почетокот стигнавме до водство од 20:21. Одбраната во нашите редови одлично функционираше, па водството го одржувавме и до финишот, а во самата завршница на две минути до крајот водевме со три разлика (24:27).

Унгарија постигна два гола, но за повеќе немаа сили, па ние успеавме да славиме. Со осум постигнати гола Димитар Узунчев беше најдобар во нашите редови со осум постигнати гола.

За деветтата позиција на турнирот ќе играме против победникот од мечот помеѓу Франција и Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот