Македонија Ѓорче Петров, Воска Спорт и Гостивар обезбедија осминафинале во Купот на Македонија

Фото: Македонија Ѓорче Петров

Беласица и Македонија Ѓорче Петров одиграа еден возбудлив натпревар кој во регуларните 90 минтуи заврши без победник со по два гола на двете страни.

Маркоски ги доведе „лавовите“ во водство со кое тимот од Ѓорче замина и на паузата. Со два гола на стартот од вториот дел мреку Митров во 48. минута и Стојанов во 54. минута Беласица успеа да го сврти резултатот.

Да не видиме елиминација на Македонија Ѓорче Петров се погрижи ветеранот Крсте Велковски кој реализираше пенал во 79. минута.

Воска во вториот натпревар дури со два погодоци во финишот го скрши отпорот на Башкими кој одигра одличен натпревар проттив фаворитот (0-2).

Во последниот натпревар Гостивар ја оправда фаворитската улога и со 3:1 беше подобар од Победа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот