Македонците од Албанија добија многу ветувања од министерката за образование

фото: Весна Јаневска/принтскрин/социјални мрежи

Министерката за образование на нашинците во Албанија им ветила поддршка и им порачала дека нема да имаат обврска за плаќање партиципација, доколку одлучат да студираат на државните универзитети во Македонија, а се предвидува и доделување на стипендии и покривање на трошоците за сместување во студентските домови.

Според Панди Јани, претседател на огранокот на Партијата на слободата, за Мала Преспа, на средбата присуствувале и Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на општина Пустец и претседател на организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија – Друштво Преспа, потпретседателот Спиро Малевски и членот на организацијата Ѓорѓи Андон.

„Денеска имавме можност да оствариме работна средба со новата министерка за образование и наука Весна Јаневска. На средбата разговаравме на тема образование, со посебен акцент на образованието на Македонците во Република Албанија, како и други прашања“, информираше Панди Јани.

Јани го пренел ставот на Партија на слободата дека секогаш ќе се грижат за правата на Македонците во Албанија.

За средбата на официјалниот фејсбук профил објави и министерката Јаневска, која наведе дека Македонците кои живеат во Албанија, и натаму ќе немаат обврска за плаќање партиципација, доколку одлучат да студираат на државните универзитети во Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот