Македонците и другите малцинства во Албанија нема да ги признаат резултатите од пописот

Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Македонското и другите малцинства во Албанија најавија дека ќе излезат со заедничка декларација за непризнавање на резултатите од пописот во оваа земја и официјално ќе побараат нов попис.

Партијата и другите македонски здруженија веќе се изјаснија дека не ги признаваат резултатите, а тоа го направија и здруженијата на Грците.

Според пописот во оваа земја живеат 2.281 лица што е за повеќе од половина помалку споредено со пописот во 2011 година. Според македонските претставници во оваа земја живеат над 100 илјади Македонци, главно концентрирани во областите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, а илјадници ги има во Тирана, Елбасан, Драч и други градови.

И грчките претставници не ги признаваат презентираните 23 485 лица со грчка етничка припадност. Тие тврдат дека во земјата живеат околу 400 илјади Грци, главно населени во јужниот дел на земјата.

Во реакцијата на грчкото здружение „Омонија” уште се наведува дека манипулација се и податоците за верската припадност. Оттаму сметаат дека бројот на православните е поголем од прикажаниот.

Најголемо изненадување на овој 12. попис е бројот на припадниците на бугарското малцинство, кое до 2017 г. воопшто не беше признаено во Албанија. Властите тоа го сторија по бугарските закани со евроинтегративниот пат на Албанија.

Сега во Албанија „живеат” 7057, иако во претходните 11 пописи ниту еден жител на Албанија не се изјаснил како Бугарин.

Во меѓувреме обвинувањата за фалсификувани податоци ги отфрли директорката на Институтот за статистика, Елса Дули, која рече дека пописот бил транспарентен и професионално спроведен според меѓународните стандарди.

Македонскиот амбасадор во Тирана на консултации кај министерот Муцунски

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот