„Мајко моја златна…“: Игор Џамбазов со емотивна објава за 27-годишнината од смртта на мајка му Анче Џамбазова

Игор и Анче Џамбазови / Фото: Instagram / igordzambazov

Денеска се навршуваат 27 години од смртта на големата театарска и филмска актерка Анче Џамбазова.

Таа зад себе остави голем број одлични изведби на „даските што живот значат“ и остана запаметена по бројни улоги, меѓу кои и онаа во филмот „Мирно лето“ (1961) и улогите во еден од најгледаните телевизиски проекти – „Македонските народни приказни“.

Нејзиниот син, актерот и шоумен Игор Џамбазов ѝ посвети емотивна објава на својот инстаграм-профил. Тој објави фотографија од мајка си, а во позадина се слуша песната на Роџер Вотерс со наслов „Mother“.

„Мајко моја златна.
Дваесет и седум години поминаа, а ти сè уште си присутна, те спомнувам секојдневно и не престануваш да ме инспирираш. Се надевам дека се најдовте со тато, оти тој препека по тебе дур беше жив. Јас сум добар, да не ме мислиш…“, напиша Игор покрај фотографијата.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

ФОТО | „Неговата среќна ѕвезда сè уште ме штити“: Игор Џамбазов со емотивна објава за роденденот на дедо му Петре Прличко

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот