Мајкл Китон се враќа како Бетмен во претстојниот филм „Batgirl“

Мајкл Китон/Batman/Twitter
Мајкл Китон/Batman/Twitter

Иако сè уште не се познати деталите за премисата на филмот, засега е познато дека приказната ќе се фокусита на хероината чиј вистински идентитет е Барбара Гордон, ќерката на полицискиот комесар во Готам, Џим Гордон.

Триесет и две години подоцна, актерот Мајкл Китон повторно ќе го облече костимот на Бетмен за неговата улога во престојниот филм „Batgirl“ од DC’s Extended Universe.

Филмот е во режија на Едил Ел Арби и Билал Фалах (режисери на „Bad Boys for Life“), додека пак сценариото е на Кристина Ходсон („Bumblebee”, „The Flash”)

Иако сè уште не се познати деталите за премисата на „Batgirl“, засега е познато дека приказната ќе се фокусита на хероината чиј вистински идентитет е Барбара Гордон (Лесли Грејс), ќерката на полицискиот комесар во Готам, Џим Гордон.

Како што претходно беше најавено, Ј.К. Симонс ќе ја репризира својата улога на Џим Гордон, откако за прв пат ја толкуваше во филмот „Justice League“ на Зак Снајдер, додека пак Брендан Фрејзер ќе го глуми Фаерфлај.

Китон за прв пат се појави како Брус Вејн во „Batman“ од 1989, во режија на Тим Бартон, но Warner Bros. одбива да го коментира неговиот повторен кастинг за истата улога во филм на друга продукција.

Во врска со оваа одлука, Китон коментираше:

– Само затоа што бев љубопитен не значеше дека сакам да го направам тоа. – појасни тој во последната епизода од подкастот на Variety’s Award Circuit. – Значи, потребно беше долго време, искрено… За да го прифатам нештото, тоа мора да биде добро. И мора да има причина.

Мајкл Китон/Batman/Twitter
Мајкл Китон/Batman/Twitter

Не е познат датумот на премиерата на „Batgirl“, но се очекува филмот да пристигне на HBO Max во 2022 година.

Во текот на наредната година, Китон ќе се појави како Бетмен и во претстојната авантура на Warner Bros, „The Flash“. Филмот, во кој се појавува Езра Милер како главниот херој, Кирси Клемонс како Ајрис Вест, Саша Кале како Супергрл и Бен Афлек со својата верзија на Бетмен, се очекува да пристигне во кината на 4 ноември 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот