Мадиќ: СДСМ целосно е подготвен за фер и демократски избори за претседател

Викторија Мадиќ Фото: СДСМ

На избирачкиот список којшто ќе се најде во недела на избирачките места ќе има 23.373 акредитирани членови на СДСМ кои ќе може да го остварат своето право и да гласаат на 77 избирачки места

СДСМ целосно е подготвен за демократски внатрепартиски избори за претседател на партијата кои ќе се одржат во недела, рече Викторија Мадиќ, претседателка на Централната изборна комисија.

– Централната изборна комисија во изминатиот период напорно работеше за да може да спроведе легитимен, транспаретен и демократски процес. Пред се на регистрација на членовите кои ќе се најдат на избирачкиот список, како и промоција на програмите на кандидатите пред членовите. Го следевте сите 4 кандидати, им беше обезбедено да може да се промовираат во 8 региони. Централната изборна комисија по продолжување на рокот за активна регистрација, по барање на општинските организации, на 23ти го затвори избирачкиот список. Добивме приговори од одредени општински организации, дел од нив беа прифатени, дел не беа, зависно од одредбите на Статутот, Правилниците и одлуките донесени од Централниот одбор – рече Мадиќ.

На избирачкиот список којшто ќе се најде во недела на избирачките места ќе има 23.373 акредитирани членови на СДСМ кои ќе може да го остварат своето право и да гласаат на 77 избирачки места.
Претходно, ексминистерката за одбрана Славјанка Петровска и актуелна пратеничка ја повлече својата кандидатура.

Во трка за претседателското место на партијата се: поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче, директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски и актуелниот заменик-министер за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски.

СДСМ на „мускули“ ќе бира лидер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот