Луксузни вили во Хонг Конг на работ на колапс

Луксузни вили во Хонг Конг / Фото EPA-EFE/DANIEL CENG

Луксузни дворци покрај карпите во Хонг Конг се на работ на уривање по рекордните дождови во кои загинале најмалку двајца, а повеќе од 100 биле повредени. Полицијата во Хонг Конг запечати најмалку три имоти на полуостровот Редхил, крајбрежна станбена област на јужната страна на островот, и евакуирала еден што бил во „непосредна опасност“.

Фотографиите од резиденциите вредни повеќе милиони долари покажуваат дека големи делови од карпата под базените и градините биле урнати. Властите потврдиле за медиумите дека имало докази за незаконски или неовластени градежни работи на двата погодени имоти, вклучително и бесправно изграден базен и подрум за кој наводно бил урнат дел од потпорен ѕид, пишува Гардијан.

Луксузни вили во Хонг Конг / Фото: Peter PARKS / AFP / Profimedia

Владините ресори сè уште истражуваат дали дивоградбите се поврзани со одроните. Секретарот за развој Бернадет Лин им рече на новинарите во неделата дека „примарниот фокус во овој момент е да се стабилизира наклонот за да се обезбеди јавна безбедност“.

„Кога тоа ќе се направи, ќе продолжиме со неопходните мерки за прекршување на законот“, најави таа.

Тајфунот Хаикуи е одговорен за најсилните дождови во Хонг Конг во последниве 140 години, што предизвикало огромни поплави и лизгање на земјиштето минатата недела. Поплавени се патиштата и метро станиците, а отсечени се и некои крајбрежни села. Предупредувањата за лизгање на земјиштето останале во сила во текот на викендот и вчера, при што луѓето биле предупредени да избегнуваат ризични области и патишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот