Лукашенко ќе ослободи некои од неговите затворени противници бидејќи имаат рак

Александар Лукашенко / Фото ЕПА

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека најверојатно ќе ослободи некои од неговите затворени политички противници кои учествуваа во протестите против неговиот реизбор, бидејќи сега се сериозно болни од рак, пренесува Ројтерс.

Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, е еден од најблиските сојузници на рускиот претседател Владимир Путин и е обвинет од неговите противници и западните групи за човекови права за кршење на човековите права и затворање на противниците по различни обвиненија.

Реизборот на Лукашенко за шести мандат во 2020 година предизвика улични протести каде тој беше обвинет за фалсификување гласови. Полицијата масовно ги приведе учесниците – групите за права велат дека повеќе од 25.000 луѓе завршиле во затвор неколку месеци по изборите.

„Немојте да се чудите ако луѓето кои ја поткопаа државата во 2020 година бидат ослободени за неколку дена. Тие се навистина болни, главно од рак“, рече Лукашенко на собирот по повод националниот празник на Белорусија.

Лукашенко не ги идентификуваше оние кои би можеле да се квалификуваат за амнестија. Опозициската група за права Вјасна наведува 1.403 политички затвореници во Белорусија. Се вели дека има 254 политички затвореници чие здравје е загрозено заклучно со мај, вклучувајќи 92 кои биле сериозно болни и 63 кои биле постари од 60 години.

Радио Слобода на белоруски јазик, финансирано од САД, објави дека меѓу пациентите со рак биле регионалниот политичар Григориј Костусјев, новинарката Ксенија Луцкина, музичарот Павел Кучински, верскиот активист Павел Кучински и Руслан Слуцки, обвинети за саботажа на железничките линии.

Моќта на Лукашенко е зајакната откако Путин ја вети својата поддршка во 2020 година среде протестите. Во 2022 година, белорускиот лидер дозволи територијата на неговата земја да се користи како појдовна точка за руската инвазија на Украина.

Повеќето од најистакнатите противници на Лукашенка побегнаа во странство, многумина во соседна Литванија и Полска. Меѓу оние во егзил е и поразената претседателска кандидатка Светлана Тихановскаја, која сега ја предводи опозицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот