Лога: Сашко Лафчиски не ги исполнува законските услови за шеф на Генералштабот на АРМ

Кренар Лога

Кога една Албанка не ги исполнува законските услови за директорка (ревизорка на ИПА фондовите), таа се разрешува, а кога еден Македонец не ги исполнува законските услови, тој станува шеф на Генералштабот на АРМ, вели во изјава потпретседателот на Алијанса за Албанците, Кренар Лога.

Парадоксите во оваа наша држава наречена Северна Македонија стануваат нормални, особено кога мнозинската заедница треба да го направи својот “избор”. Сашко Лафчиски од бригаден генерал “се издигна” во чин генерал-мајор и беше назначен за шеф на Генералштабот на Армијата од страна на претседателката Гордана Силјановска-Давкова, што предизвика многу реакции во јавноста, особено во армијата. Но, ова брзо поминува бидејќи тој го зазема местото на еден Албанец, кој според професионалните заслуги и законските услови требаше да биде генерал Бесник Емини.
Г-дин Лафчиски не ги исполнува потребните услови за оваа позиција, односно е четири нивоа под стандардите кои се бараат за шеф на Генералштабот, вели тој.

Во соопштението се додава дека за ова „не реагираат ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ ниту ЗНАМ“.

Се прашувате зошто? Еден од главните услови што Лафчиски не ги исполнува е возраста и стажот. Се бара шефот на Генералштабот да има најмалку 6 месеци искуство како командант на Оперативната Команда, а законската регулатива обврзува на чело на Генералштабот да се назначува само оној кој барем 6 месеци бил на чело на Оперативната Команда. Над сè, како бригаден генерал, Лафчиски нема 4 години искуство како што бара законот за да може да биде именуван за генерал-мајор, што автоматски значи шеф на Генералштабот. На Лафчиски му е даден овој чин еден ден пред тој да биде декретиран од претседателката за шеф на Генералштабот. Неговото досие како воен службеник, доверливоста и угледот во армијата оставаат да се посака многу, во неофицијални околности се дознава дека досега не бил опремен ниту со потребниот НАТО сертификат), се вели во соопштението од Лога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот