Љутков се сретна со црногорската колешка Тамара Вујовиќ

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, на маргините на Вториот министерски состанок на управувачките платформи на Западен Балкан, имаше билатерална средба со министерката за култура и медиуми на Црна Гора, Тамара Вујовиќ.

Како што соопшти Министерството за култура, Љутков и Вујовиќ на средбата се согласија дека соработката во областа на културата меѓу двете држави е на одлично ниво, со можности за нејзино унапредување. Во тој контекст е истакнато и значењето на потпишаната Програма за соработка во областа на културата меѓу двете министерства за периодот 2023 – 2026 година, која ќе овозможи интензивна соработка, особено на полето на музичко-сценската дејност и во филмската дејност.

Министрите се согласија дека репродуктивни уметници и ансамбли редовно гостуваат на позначајните фестивали и манифестации во двете земји. Со оглед на тоа што во Црна Гора сè уште не се воспоставени одредени институции, министерот Љутков предложи гостувања на сродни институции од земјава, со што ќе се овозможи претставување на македонската култура и традиција во Црна Гора.

Министрите споделија и мислења околу начинот на функционирање на министерствата, при што Љутков ја информираше Вујовиќ за проширувањето на надлежностите на Министерството во областа на туризмот.

Црногорската министерка побара помош од македонска страна за соработка на полето на заштитата во смисла на размена на искуства, како и за студентски престои од оваа област.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот