Љутков: Изградбата на Универзална е стопирана, не се знае во чие владение е

Пожар Универзална сала/Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

Министерството за култура во минатата влада незаконски ја презело Универзална сала од Град Скопје затоа што по закон тоа не може да гради објект што е локална установа, тври министерот за култура и туризам Зоран Љутков и најави дека против сите вклучени ќе биде поднесена кривична пријава.

Тоа ќе биде откако работните групи што се формирани ќе ги завршат своите анализи и ќе дадат извештај за целата постапка. Тој рече дека изградбата засега е стопирана зашто не се знае во чие владение е салата, но дека Скопје ќе има Универзална сала за 2028 кога ќе биде Европски град на културата.

Арсовска: Наместо одговори на прашањата за Универзална сала, од министерката за култура добивме само закани со тужба

-Ние како министерство, како владина институција, по закон не можеме да финансираме или да градиме објект што е локална установа. Уште малку имаме да за да ги финализираме работите и ќе ја кажеме точната ситуација за Универзална сала, на посебна прес-конференција ќе ја појасниме постапката од почеток до крај за да не бидат во заблуда ни граѓаните, ниту институциите. Скопје во 2028 година ќе ја има Универзална сала и ќе ја има на законски и легален начин. Ова што е направено до сега е незаконски и нелегално, подлежи на кривични пријави. Ние ќе го запреме ваквото дивеење и незаконско работење, ќе ја вратиме постапката и најтранспарентен и на најлегален начин Скопје ќе биде Европската престолнина на културата со нова Универзална сала и ќе се гордее со неа затоа што ќе биде изработена законски – истакна Љутков.

ВИДЕО | Гори Универзална сала

Пред околу шест месеци Универзалната сала беше зафатена од голем пожар, во кој изгоре новата купола. Полицијата тогаш приведе три лица – работници кои изведувале работни задачи. Причините за пожарот сѐ уште не се познати.

Пожар Универзална сала/Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот