Литванија ги купува германските „леопарди“

Source: DPA

Литванија го гледа рускиот напад врз Украина како директна закана за сопствената безбедност. Затоа има намера да формира нова дивизија, а за тоа има намера да купи тенкови од Германија.

Договорот за набавка на тенкови Леопард 2 треба да биде потпишан во ноември, изјави министерот за одбрана Лауринас Кашчиунас во гостивање на литванскиот национален сервис, пренесува ДПА.

Кашјунас не даде детали за точниот тип и број на тенкови кои Вилнус планира да ги набави.

Литванија, членка на НАТО, се граничи со руската енклава Калининград и рускиот сојузник Белорусија.

Балтичката земја ја гледа инвазијата на Украина како директна закана и од почетокот на 2022 година значително ги зголеми трошоците за одбрана и воена модернизација.

Идната дивизија ќе биде со еден тенковски баталјон. Покрај тоа, Бундесверот постојано ќе стационира една оклопна бригада во Литванија до 2027 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот