Лисиче и Аеродом се гасна комора, се жалат граѓаните на социјалните мрежи

Загадување на воздухот во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Вечерва според мерните станици за квалитет на воздухот од Министерството за животна средина и просторно планирање најзагаден е воздухот во Лисиче. Таму се измерени 326 mg/m3 односно загадувањето во воздухот со ПМ10 честичките е дури 6 пати поголемо од дозволеното ниво. Енормно беше загадувањето на воздухот во оваа скопска населба и вчера, беа регистрирани најверојатни 247 mg/m3 или загадувањето беше дури 5 пати поголемо од дозволеното ниво

Корисниците на социјалните мрежи не го кријат бесот.

Тие на Твитер и на Фејсбук коментираат дека воздухот мириса на скара. Други велат дека Лисиче е гасна комора.

Има и коментари кои велат дека во Ново Лисиче заради загадувањето полицискиот час веќе неколку вечери по ред почнува од 20 часот.

Граѓаните се жалат и дека сообраѓајот е отежнат заради намалената видливост: „Кога возиш од Ново Лисиче кон Ќерамидница и не гледаш ништо во секој момент може да удриш во нешто и да загинеш“

Податоците од мерењата од апликацијата Мој Воздух  не се многу подобри ниту во другите општини.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот