Лина Ѓорческа ќе игра за финале на Челинџер турнирот во Словенија
Ф.К.
Пред
Лина Ѓорческа/фото: mtftennis.mk
Денеска на ВТА Челинџер 125 турнирот што се игра во Љубљана, Словенија, најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди пласман во полуфиналето во двојки.
Заедно со Џил Тајхман од Швајцарија во четвртфиналната фаза славеа над чешките натпреварувачки Каролина Кубанова и Анета Лабуткова со 2:6, 7:5 (5) и 10:5.
За пласман во големото финале Тајхман и Ѓорческа ќе играат против првите носителки Естел Касино од Франција и Анастасија Детуик од Чешка.
Во големото финале веќе се Нуриа Бранкачио (Италија) и Лејре Ромеро Гормаз (Шпанија) кои со 7:5, 6:7 (4) и 10:6 славеа против чешките тенисерки Џесика Малекова и Марија Скок.
Овој турнир во Љубљана се игра за награден фонд од 100.000 евра.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Националната гордост е најважна за една нација, а одлуката на ЕУ претставува токму повреда на националната гордост во Северна Македонија. Тоа создава рани, голема грешка е што вие не сте членка на ЕУ и грешка е што друга земја, Албанија, се форсира, рече унгарскиот премиер Виктор Орбан по средбата во Охрид со својот македонски колега …
Има ли Македонија генијалци и иноватори? Што креираат генијалците и по што се издвојуваат од своите врсници? Колку иновации има во државава и колку се иновативни нашите поединци, а на колку се работи? Прашања на кои малкумина го знаат одговорот. „Слободен печат“ ќе се обиде преку серијал да обезбеди барем мал дел од одговорите и …