Лидерите на групата Џема Исламија тврдат дека таа ќе биде распуштена

Џема Исламија / Фото: BAY ISMOYO / AFP / Profimedia

Високи членови на Џема Исламија, исламистичка група од Југоисточна Азија, која беше обвинета за смртоносните бомбашки напади на Бали пред две децении, денеска соопштија дека се распуштаат.

Институтот за политичка анализа на конфликти (IPAC) ја потврди автентичноста на видео-изјавата од 30 јуни на шеснаесет лидери на Џема Исламија, во која тие објавија дека ја распуштаат екстремистичката мрежа.

Во видео-изјава објавена на интернет, водачите ја потврдуваат својата посветеност на индонезиската држава и право и велат дека образованието во интернатите поврзани со групата ќе биде во согласност со ортодоксниот ислам, јави БТА.

Милитантната група поврзана со Ал Каеда е обвинета за извршување на некои од најсмртоносните напади во Индонезија, вклучително и бомбашките напади во ноќните клубови на Бали во 2002 година, во кои загинаа повеќе од 200 луѓе.

Индонезиската Национална агенција за борба против тероризмот одби да го коментира развојот на настаните, но додаде дека планира наскоро да одржи прес-конференција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот