Лицето поврзано со продажбата на пејџери на Хезболах заминало во САД, оттогаш му се губи секаква трага

Норвешката полиција издаде меѓународна потерница за маж поврзан со продажба на пејџери на милитантната група Хезболах.

Ринсон Хозе (39), основачот на „Норта глобал“, бугарска компанија наводно вклучена во синџирот на снабдување со пејџери, исчезна за време на службено патување во САД минатата недела. „Вчера добивме дојава дека исчезнало лице поврзано со пејџери. Отворен е случај за исчезнато лице и по него распишавме меѓународна потерница“, соопшти полицијата во Осло.

„Норта глобал“ е основана во Софија пред две години.

Хозе одби да зборува за пејџерите кога Ројтерс го контактираше на 18 септември и ја спушти слушалката откако беше прашан за работењето на компанијата во Бугарија. После тоа повеќе не одговараше на повиците и пораките на новинарите. Покрај тоа што има своја компанија, Хозе работи и во одделот за продажба на норвешката медиумска компанија ДН „Медиа груп“.

Работодавецот потврди дека Хозе патувал на конференција во Бостон на 17 септември, но изгубил контакт со него следниот ден. Според бугарскиот корпоративен регистар, Хозе во 2022 година ја основал „Норта глобал“, компанија со седиште во главниот град Софија.

Бугарските власти ја испитуваа улогата на компанијата во снабдувањето на пејџерите, но не најдоа докази дека тие биле произведени или извезени од Бугарија. Во експлозиите на пејџер, за кои е обвинет Израел, загинаа 12 лица, меѓу кои две деца, а беа повредени околу 2.800 други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот