Либанско Министерство за здравство: Најмалку 25 лица загинаа утрово во израелски напад

Израелски напади врз Либан Фото: Танјуг/АП Фото/Хусеин Мала

Најмалку 25 лица се убиени од утрово во нападот на Израел врз Либан, соопшти либанскиот министер за здравство Фирас Абиад.

Израелската армија соопшти дека денеска истрелала неколку ракетни фрлачи од авион во Хадата во јужен Либан, пренесува Танјуг.

Во соопштението се наведува и дека израелската армија во изминатите неколку часа извршила напади врз десетици магацини со оружје на Хезболах, позиции на ракетни фрлачи и згради што ги користат милитантите во Сидон, Набати и други области на јужен Либан, пренесува Тајмс оф Израел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот