Левица: ДПМНЕ шверцерски протна две нови висококатници во Аеродром

Фото: Општина Аеродром

„На последната седница на Советот на Општина Аеродром, градоначалникот Дејан Митевски, по веќе востановената пракса на неговиот претходник Тимчо Муцунски, шверцерски протна изградба на две нови висококатници во Аеродром“, обвинија од Левица.

„Имено, на само пет минути пред почетокот на седницата, на дневен ред беа додадени ДУП И-09 и ДУП И–12 со кои е предвидена изградба на две нови станбени чудовишта од по 12 ката, на потегот на булеварот Трета Македонска Бригада, кај населбата наречена „Табак Сити“. Овие бетонски ѕидови ќе го спречат струењето на воздухот, што дополнително ќе го зголеми веќе алармантното загадување. Овие згради не само што ќе го уништат малку останатиот неизграден простор, туку ќе го задушат и онака загадениот воздух што секојдневно го вдишуваме“ велат од партијата.

Како што доддаваат, ДУП-от И-09 и ДУП-от И-12 кои биле „подметнати пред почетокот на седницата“, не оставиле простор тие да бидат разгледани од страна на советниците во општина Аеродром.

„Меѓу другото, Општината Аеродром успеала во рекорден рок само за еден ден да добие одобрување од Министерството за транспорт и врски, што највероватно е најбрзо одобреното барање во историјата на државата! ВМРО-ДПМНЕ ќе направи сѐ за да ги задоволи апетитите на градежната мафија, не покажувајќи ни најмала грижа за здравјето и иднината на своите сограѓани. Кога Левица ќе дојде на власт, ќе стави крај на сите штетни ДУП-ови, ќе ја запре неконтролираната бетонизација која се случува во Аеродром и ќе создаде услови за нормален и квалитетен живот за жителите од општината“, додаваат од партијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот