Левица: Дали со пожарот на Плакенска Планина во Демир Хисар се расчистува теренот за ветерници?

Пожар Плакенска Планина Фото: „Левица“

Постои елаборат изработен во 2023 година од “Вертекс Енерџи” на кој детално се опишува планот на инвеститорот за изградба на Ветерен парк на самиот срт на Плакенска Планина – Ветерен парк “Вирово”, Општина Демир Хисар.

Дали со палењето на Плакенска планина се расчистува теренот за приватен инвеститор да може да си постави ветерници и произведената електрична енергија да и ја продава на државата? Ова е прашањето што јавного поставува Левица.

„Република Македонија ова лето ја зафатија големи пожари а еден од најголемите беше на Плакенска Планина во демирхисарско, со кој локалните мештани од околните села заедно со надлежните институции, не можеа да се справат со денови. На социјалните мрежи кружеа и видеа на кои се снимени огнени балони во воздухот над самата планина во касните вечерни часови, кои наведуваа дека планината се пали намерно и со причина“, пишува во соопштението од Левица.

Оттаму велат дека сега во јавноста излезе и елаборат изработен во 2023 година од извесен “Вертекс Енерџи” на кој детално се опишува планот на инвеститорот за изградба на Ветерен парк на самиот срт на Плакенска Планина – Ветерен парк “Вирово”, Општина Демир Хисар.

„На елаборатот детално се опишани и штетните последици по биодиверзитетот, квалитетот на воздухот, зголемена бучава во регионот кој негативно ќе влијае по населението и животинскиот свет, исто така, во елаборатот е прецизно наведено дека планината располага со бројни извори, притоки, водотеци и реки за кои ќе постои зголемена опасност нивно загадување! Дали со палењето на планината се расчистува теренот за приватен инвеститор да може да си постави ветерници и произведената електрична енергија да и ја продава на државата, останува да видиме. Левица само пред неколку денови предложи закон со кој се предвидува 50 годишна забрана за било каква урбанизација, градење на објекти, поставување на фотоволтаични централи и сеча на дрвја на опожарени подрачја, но Владата на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ гласаа против!“, пишува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот