Летната сцена „Славиша Кајевски“ нa МНТ му даде крилја

Програма на летната сцена во МНТ

Во Македонскиот народен театар изминатата недела се случи отворањето на летната сцена „Славиша Кајевски“, која ги сплоти публиката, актерите, режисерите, музичарите и сите уметности на едно убаво место – плато/летната тераса покрај течението на реката Вардар.

– Нѐ сплоти Славиша и неговиот дух, тој ни даде крилја да полетаме со изведбите на прекрасните театарски претстави преплетени со урбана и квалитетна музика – истакна в.д. директорот Никола Кимовски на отворањето на сцената.

Следните настани се концепирани со театарска и музичка содржина, а настаните кои следат хронолошки се: концерт на „Пијан Славеј“ (24 септември), претстава „Кец на десетка“ (25 септември), претстава „Не се клади на Енглези“ (26 септември), хип-хоп концерт „LD Pistolero и Dj Goce feat. R.O.N.I.N“ (27 септември), „Сакатиот од Инишман“, дипломска претстава во изведба на ФДУ – Скопје (30 септември).

За крај на програмата на летната сцена во МНТ, на почетокот на октомври, ќе настапи Националниот џез-оркестар со изведби на композиции од „Битлси“ на 1 октомври, а свеченото затворање на летната сцена ќе биде на 2 октомври со концерт на култниот рок-бенд „Архангел“ – „Македонски подобро звучи: Едиција 4“. Сите настани се со почеток во 21 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот