Летна закуска: Рецепт за крцкави тиквички со пармезан

Пржени тиквички
Фото: Sergii Koval / Alamy / Alamy / Profimedia

Крцкави однадвор, меки однатре – сигурно ќе ги обожавате овие тиквички без бело брашно и без масло за пржење, пишува „Пун куфер“.

Подготовката на овие крцкави тиквички во рерна е многу едноставна. Стапчињата тиквички потопете ги во мешавина од изматени јајца, а потоа во мешавина од бадемово и кокосово брашно и пармезан.

Тие најдобро се послужуваат топли , штом ќе ги извадите од рерна. Тие можат да бидат идеална закуска, вкусно предјадење или нешто со што ќе ги послужите гостите за време на домашната забава.

Фото: Sergii Koval / Alamy / Alamy / Profimedia

Потребни состојки:

  • 2 супени лажици маслиново масло
  • 2 средни тиквички
  • 2 големи јајца
  • 1 лажичка сол
  • 1/2 лажичка лук во прав
  • 1/2 лажичка каенски пипер
  • 1 шолја бадемово брашно
  • 1/3 шолја кокосово брашно
  • 2/3 чаша рендан пармезан

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Обложете го плехот со хартија за печење или премачкајте со маслиново масло.

Исечкајте ги тиквичките на стапчиња. Изматете ги јајцата во сад, додадете сол, лук во прав и каенски пипер.

Во посебен плиток сад измешајте бадемово брашно, кокосово брашно и пармазан.

Секое парче тиквичка потопете го во смесата со јајца, а потоа во смесата со брашно и пармезан. Ставете ги на подготвениот плех. По желба намачкајте со маслиново масло.

Печете околу 15 минути од секоја страна, додека стапчињата не поруменат, па превртете ги и печете уште 10-15 минути.

Послужете ги топли, со сос по желба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот