Лекар открива кои зеленчуци го спречуваат создавањето наслаги во крвните садови

Фото: Pexels / Adonyi Gábor

Исхраната игра клучна улога во одржувањето на здравјето на срцето. Затоа, важно е да изберете зеленчук богат со хранливи материи кои придонесуваат за здравјето на срцето и го намалуваат воспалението.

Здравата исхрана може да го регулира нивото на холестерол и да го намали ризикот од мозочен удар. Познатиот лекар д-р Рупи Аујла тврди дека одредени видови храна дури можат да помогнат да се спречи создавање наслаги во крвните садови, а со тоа да се намали ризикот од кардиоваскуларни болести.

„Добрата вест е дека исхраната може да ги спречи или одложи срцевите заболувања со намалување на воспалението и нивото на холестерол“, забележа тој во неодамнешната објава на Инстаграм.

Тој издвои пет видови зеленчук кои можеме да ги вклучиме во исхраната за да го подобриме здравјето на срцето.

Кисела зелка

„Мета-анализата на клиничките студии покажа дека суплементацијата со пробиотици значително го намалува вкупниот холестерол и нивото на ЛДЛ-холестерол кај пациенти со висок холестерол“, вели докторот.

Кромид

Д-р Аујла вели дека поголем внес на зеленчук од родот кромид, вклучувајќи го и лукот, е поврзан со помала смртност од атеросклеротична васкуларна болест (АСВД).

Жолт, портокалов и црвен зеленчук

„Неколку студии објавија поврзаност помеѓу внесот на жолто-портокалово-црвен зеленчук и кардиоваскуларни болести (КВБ), коронарна срцева болест (КСБ) и срцеви заболувања воопшто“, тврди докторот.

Затоа, консумирањето на благ компир, морков, тиква, домат може да придонесе за оптимално здравје на срцето.

Брокула

Д-р Аујла истакнува: „Студија на 684 постари жени покажа дека оние со поголем внес на зеленчук со крстовидени имаат 46 отсто помали шанси за екстензивна калцификација на абдоминалната аорта – знак за наталожување наслаги што доведува до кардиоваскуларни болести – во споредба со оние со помал внес, по прилагодување на животниот стил, исхраната и факторите на ризик за кардиоваскуларни болести“.

Спанаќ

Поголемиот внес на калиум е поврзан со намален ризик од мозочен удар и други кардиоваскуларни заболувања.

„Една мета-анализа на девет кохортни студии покажа значителни 24 отсто помал ризик од мозочен удар кај луѓето со поголем внес на калиум“, заклучил докторот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот