Лекар осуден за сексуално вознемирување на ученици продолжил со работа во болница во Вуковар

Лекари / Фото: МИА

Лекар од Националната и Меморијалната болница „Д-р Јурај Њавро“ од Вуковар сè уште е на работа, иако е осуден на три и пол години затвор за сексуално вознемирување на 11 ученици, пренесува Република.рс.

Судењето траело осум години, јавноста се запозна со случајот  откако 11 студенти по физиотерапија на Универзитетот во Вуковар, „Лавослав Ружичка“, каде споменатиот доктор работи како предавач, го обвинија дека ги допирал за време на предавања, испити и при приватни прегледи во неговата ординација и дека се обидел да силува ученик.

Во текот на истрагата докторот се бранел со молчење, а пред судот рекол дека целиот случај против него е монтиран бидејќи е почитуван член на ХДЗ, лекар и предавач и дека е во конфликт со колега поради неговата кандидатура за декан на Универзитетот, па сакаат да го деградираат. За студентите кои го пријавиле рече дека биле поткупени за да сведочат. Судијата не ја зеде предвид неговата одбрана и го осуди по сите 11 точки од обвинението, до шест години затвор, но истата беше преиначена во единствена казна од три и пол години.

Она што ја вознемири јавноста е тоа што докторот и понатаму цело време работи во болницата во Вуковар. Центарот за мир, ненасилство и човекови права изминативе денови испратил барање до болницата во Вуковар, а како што рекоа, контактирале и со министерот за здравство, пишува Аваз.ба.

Од болницата одговорија дека не се запознаени со овој случај и дека не се пристигнати поплаки за работата или постапките на тој лекар.

– Докторот продолжува да работи и да прима пациенти, што всушност е неморално. Ние го напаѓаме нефункционирањето на системот, а не на личноста и во системот секој ја префрла одговорноста од една во друга институција. Се прашуваме уште колку вакви и слични случаи има во хрватските болници, но не знаеме за нив – вели Наталија Хавелка од Центарот.

Таа додава дека инсистираат на промена на Законот за здравство, со кој би се вовела одредба за привремено одземање на одобрението за самостојна пракса на лекари против кои води кривична постапка за дела на штета на пациентите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот