Леброн потпишува нов договор со Лејкерс вреден 104 милиони долари

Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Леброн Џејмс ќе го носи дресот на Лос Анџелес Лејкерс и во наредните две сезони.

Според последните информации, Леброн со клубот од Калифорнија договорил нова двегодишна соработка вредна 104 милиони долари.

Во договорот на Леброн ќе има и клазула според која тој може да блокира „трејд“ во кој учествува. Од НБА играчите само уште Бредли Бил од Феникс има таква опција.

Сезоната која следи за Лејкерс ќе биде 22. во НБА, а останувањето можеше и да се очекува откако пред неколку дена Лејкерс го доведоа неговиот син Брони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот