Ле Пен тврди дека нема да формира влада без апсолутно мнозинство

Марин Ле Пен / Фото EPA-EFE/TIAGO PETINGA

Лидерката на екстремно десничарската партија Национален собир Марин Ле Пен денеска изјави дека нејзината партија нема да формира влада доколку не добие апсолутно мнозинство.

Партијата на Ле Пен е големиот победник во првиот круг од парламентарните избори што се одржа во неделата во Франција.

„Не можеме да прифатиме влез во владата ако не можеме да дејствуваме“, потврди Марин Ле Пен за француското радио Ентер.

Таа најави и дека нема да биде дел од владата и шеф на Националниот собир, туку дека ќе го води пратеничкиот клуб.

И претседателот на нејзината партија Жордан Бардела пред првиот круг изјави дека нема да влезе во владата без апсолутно мнозинство во Националното собрание.

Ле Пен смета дека ако не можат да ги променат политиките што се спроведуваат, ако не можат да дејствуваат, тоа би било најлошото предавство што нејзината партија може да им го направи на своите гласачи. „Моите гласачи се интелигентни и слободни“, рече таа, додавајќи дека овие избори се за еманципација на францускиот народ.

Зборувајќи за можноста Бардела да стане премиер, Ле Пен рече дека е „подготвена“.

„Оваа влада ќе биде комплетна, ќе биде компетентна, ќе ја сочинуваат луѓе од Националниот собир, луѓе кои учествуваа со нас во изборната борба и луѓе од граѓанското општество“, истакна Ле Пен.

Таа, исто така, рече дека претседателот Емануел Макрон прави сè за да се обиде да се спротивстави на демократскиот процес. Според Ле Пен, Макрон со сите средства се обидува да го спречи Националното собрание да дојде на власт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот