Ле Пен негира дека ги прекршила правилата на ЕУ

Герт Вилдерс со долгогодишниот сојузник Марин Ле Пен во ноември 2013 година/BBC

Француската екстремно десничарска лидерка Марин Ле Пен се појави вчера пред судот во Париз каде што таа и другите француски десничарски националисти се обвинети дека примале средства за лажниот персонал на Европскиот парламент.

Заедно со долгогодишниот лидер на Националниот собир, Марин Ле Пен, меѓу 28-те обвинети за проневера на јавни пари е и нејзиниот татко и основач на партијата, Жан-Мари Ле Пен.

Марин Ле Пен секогаш ги негираше обвинувањата кои се однесуваат на времето од 2004 до 2016 година, а кои се насочени против партијата Национален собир и против поранешни избрани функционери и нивните помошници.

-Не прекршивме никакво политичко правило или правило на Европскиот парламент, рече Ле Пен пред судот пред почетокот на формалното судење.

При читањето на обвинението таа одговори дека „ќе одговори на сите поставени прашања“.

Според обвинителството, Ле Пен и нејзините колеги од партиите „Национален фронт“ и „Национален собир“ користеле пари наменети за плаќање помошници на пратениците во Европскиот парламент за да им платат на луѓето кои извршувале работа за партијата во Франција.

Во случајот наводно станува збор за сума од речиси седум милиони евра. Ле Пен пред една година му врати на Европскиот парламент 330.000 евра. Сепак, од нејзината партија нагласија дека тоа не е признавање на престап.

Аферата со години ги оптоварува Ле Пен и нејзината партија. Доколку бидат прогласени за виновни, обвинетите се соочуваат со големи парични казни или до 10 години затвор.

Исто така, доколку бидат прогласени за виновни, обвинетите би можеле да добијат забрана за вршење јавна функција во рок од пет години, што би можело да ја спречи кандидатурата на Ле Пен на следните претседателски избори во 2027 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот